СОУ “Крсте Петков Мисирков“ – Демир Хисар со големо задоволство објавува ПОВИК за пријавување ученици во рамките на проектот “Создавање можности за учење и развој“ Финансиран преку програмата ERASMUS+ (KA122-SCH)
Мобилноста ќе се реализира во Кајсери (Kayseri) Р.Турција во текот на второто полугодие од учебната 2025/2026 година, а на активноста ќе бидат вклучени:
- 12 ученици од гимназиско образование;
- 3 придружни наставници;
- 5 наставници и вработени (кои ќе учествуваат во стручна мобилност за наставен и професионален развој);
Пријавување:
- апликација за пријавување – достапна кај професор Наташа Миладиновска Најдовска
- апликација за наставници и персонал – достапна кај професор Наташа Миладиновска Најдовска
Рок за пријавување:
17 – 23.12.2025 година
Селекцијата ќе биде транспарентна и ќе се спроведе согласно стандардите и критериумите на ERASMUS+ програмата.
