Categories
Uncategorized

ВТОР УПИСЕН РОК ЗА УЧЕБНАТА 2026/2027 ГОДИНА – ВТОРО ПРИЈАВУВАЊЕ

Почитувани, од утре започнува електронското пријавување за вториот уписен рок за учебната 2026/2027 година.

Categories
Uncategorized

КОНЕЧНА РАНГ ЛИСТА ОД ПРВИОТ УПИСЕН РОК

Почитувани ученици и родители ова се Конечните Ранг листи од Првиот уписен рок – прво пријавување.

GIMNAZIJA

ELEKTROTEHNICKA STRUKA

SHUMARSKA STRUKA

 

 

 

 

  • Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
  • Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот
Categories
Uncategorized

Оглас за запишување ученици во прва година во учебната 2026/27 година

Учебна година 2026/2027

Во учебната 2026/27 година во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, во прва година ќе се запишат 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик според наставни  планови и програми за:

Гимназиско образование

  • Гимназиско образование – макс. до 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум.

Сектор Шумарство и обработка на дрво

  •  Шумарски техничар *во соработка со компании (ЈП Национални шуми подружница Бигла, Демир Хисар) – макс. до 25 ученици, 1 паралелка, 45 поени минимум.

Сектор Електротехника и информатички технологии

  • Електротехничар за компјутерска техника и автоматика *во соработка со компании (АД ЕСМ РЕК Битола) – макс. до 25 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум.

*Во гимназиското образование учениците имаат можност да избираат едно од наведените подрачја:
– Природно – математичко подрачје (комбинација А)
– Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
– Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
– Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
– Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
– Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

  1. Услови за запишување на учениците:
    – да имаат завршено основно образование;
    – да не се постари од 17 години;
    – да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
    а) гимназиско образование,
    б) стручно образование и обука,
    – да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

III. Критериуми за избор
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два
– предмети што се од значење за струката);
– дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија Министерството  за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

  1. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
    По објавување на Ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
    – пријава за запишување (пријава за запишување изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
    – оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
    – дипломи (доколку имаат ) од освоени за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
    – извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).
  2. Конкурсни рокови

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец ЈУНИ.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука: https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето , задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

 

За сите подетални информации можете да се обратите на телефон 047/276-431 во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар.

Categories
Uncategorized

Електронското запишување на учениците

УТРЕ 12.06.2026 година започнува електронското запишување на учениците во јавните средни училишта

https://mon.gov.mk/mk-MK/odnosi-so-javnost/soopstenija/zapocnuvaat-upisite-vo-sredno-obrazovanie

 

Categories
Uncategorized

СООПШТЕНИЕ ЗА ДЕВЕТТООДЕЛЕНЦИ !!!

Categories
Uncategorized

Реализација на Отворен ден во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“

Во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ се одржа отворен ден, настан кој привлече голем број посетители и ученици. Овој ден претставуваше можност гостите да бидат дел од училишната атмосфера и да се запознаат со духот и активностите на училиштето.

Настанот започна со топло и срдечно пречекување на гостите, кои беа пречекани од учениците и училишната заедница. Уште од самиот почеток владееше пријатна атмосфера исполнета со позитивна енергија, дружење и насмевки. Целта на овој настан беше посетителите да почувствуваат дел од секојдневниот живот во гимназијата и да стекнат убави впечатоци.

Categories
Uncategorized

Отворен ден во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“

Categories
Uncategorized

ЧЕСТИТА МАТУРА – МАТУРАНТИ 👨‍🎓👩‍🎓

Categories
Uncategorized

КОНЕЧНА ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ЗА УЧЕСТВО ВО МОБИЛНОСТА ERASMUS+

Согласно донесената ОДЛУКА го објавуваме конечниот список на лица кои ќе учествуваат на проектот  ERASMUS+ “Creating possibilities for learning and development “ – “Создавање на можности за учење и развој“ (MK01-KA122-SCH)

СПИСОК на ученици за мобилност за ученици:

  1. Мијајлевски Тео
  2. Вељановска Марија
  3. Кочовска Наталија
  4. Никодиновска Марија
  5. Дамчевски Христијан
  6. Ѓоковска Сара
  7. Поповска Емилија
  8. Јолески Алексеј
  9. Петковска Мила
  10. Николовска Драгана
  11. Поповска Ирена
  12. Лозановска Христина

СПИСОК на лица за мобилност за наставници:

  • Јасмина Дамчевска
  • Наталина Станојовска
  • Весна Наумоска
  • Никола Стојкоски
  • Стефан Видановски (придружно лице)
  • Тања Танаскоска (придружно лице)
  • Сара Србиновска (придружно лице)
Categories
Uncategorized

СПИСОК НА УЧЕНИЦИ ЗА УЧЕСТВО ВО МИБОЛНОСТ ERASMUS+

По извршеното разгледување од страна на комисијата на целокупната документација, постигнатите резултати и извршената анализа согласно наведените барани критериуми за учество во проектот ја објавуваме листата на кандидати за учество:

Ученици од Гимназиско образование:

  1. Мијајлевски Тео
  2. Богојовска Јована
  3. Кочовска Наталија
  4. Никодиновска Марија
  5. Дамчевски Христијан
  6. Ѓоковска Сара
  7. Поповска Емилија
  8. Јолески Алексеј
  9. Петковска Мила
  10. Николовска Драгана
  11. Поповска Ирена
  12. Лозановска Христина

Кандидати кои ги ИСПОЛНУВААТ критериумите за учество во проектот.

Резервни кандидати: 

  • Вељановска Марија
  • Крумевска Тамара
  • Мицковска Тамара