Categories
Uncategorized

Оглас за запишување ученици во прва година во учебната 2023/24 година

1. Во учебната 2023/24 година во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар, во прва година ќе се запишат 84 ученици во 3 паралелки со настава на македонски јазик според наставни  планови и програми за:

  • Гимназиско образование – 34 ученици, 1 паралелка, 60 поени минимум
  • Шумарско – дрвопреработувачка струка – 25 ученици, 1 паралелка , 45 поени минимум
    – шумарски техничар* (соработка со ЈП Национални шуми – Подружница Бигла)
  • Електротехничка струка – 25 ученици , 1 паралелка, 55 поени минимум
    – електротехничар за компјутерска техника и автоматика* (соработка со АД ЕСМ) 

    *Во гимназиското образование учениците имаат можност да избираат едно од наведените подрачја:
    – Природно – математичко подрачје (комбинација А)
    – Природно – математичко подрачје (комбинација Б)
    – Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација А)
    – Општествено – хуманистичко подрачје (комбинација Б)
    – Јазично – уметничко подрачје (комбинација А)
    – Јазично – уметничко подрачје (комбинација Б)

 

II. Услови за запишување на учениците:
– да имаат завршено основно образование;
– да не се постари од 17 години;
– да се определиле за план и програма за еден од следните видови образование:
а) гимназиско образование,
б) стручно образование и обука,
– да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој Конкурс.

 

III. Критериуми за избор
– среден успех на ученикот од VI до IX одделение;
– среден успех на ученикот постигнат по четири предмети (мајчин јазик, странски јазик и два
– предмети што се од значење за струката);
– дипломи за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари (организирани од акредитирани здруженија Министерството  за образование и наука) по мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– средна вредност од поени добиени за поведение од VI до IX одделение.

 

IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ
По објавување на Ранг листата, учениците кои се на листата ја доставуваат следната документација:
– пријава за запишување (пријава за запишување изготвува Министерството за образование и наука и ја објавува на официјалната веб страница);
– оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
– дипломи (доколку имаат ) од освоени за освоени (I, II и III) места од меѓународни натпревари, како и државни натпревари од мајчин јазик, странски јазик, природни науки, математика, хемија, физика, биологија и географија и наставни предмети што се од значење за струката односно изборното подрачје;
– извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

V. Конкурсни рокови

Пријавувањето и запишувањето на учениците ќе се врши во еден уписен рок со две пријавувања во месец јуни.
Пријавувањето на учениците ќе се врши преку електронско аплицирање, преку линк до порталот за електронски услуги на Министерството за образование и наука: https://e-uslugi.mon.gov.mk со специјална најава за средношколци преку сопствените кориснички сметки на Schools.mk.

Првото пријавување на учениците ќе се врши на 20 јуни до 24.00 часот и на 21 јуни 2023 година до 15: 00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 22 јуни од 07:00 часот до 15:00 часот. Конечната Ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 24 јуни 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Второто пријавување на учениците ќе се врши на 27 јуни до 24.00 часот и на 28 јуни 2023 година до 15: 00 часот. Ранг листата на запишани ученици се објавува на 29 јуни 2023 година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот. Доставувањето на потребната документација до училиштето е на 29 јуни од 07:00 часот до 15:00 часот и на 30 јуни од 07:00 часот до 15:00 часот. Конечната Ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објави на 01 јули 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

Учениците кои се упатени на поправни испити, испит на година , испити за побрзо напредување, може да се запишат во училиштата во кои има слободни места после јунскиот рок. Пријавување на учениците ќе се врши на 21 август до 24:00 часот . Ранг листата на запишани ученици се објавува на 22 август 2023  година на https://e-uslugi.mon.gov.mk и на интернет страната www.mon.gov.mk најдоцна до 09:00 часот.
Конечната Ранг листа со резултатите од запишувањето ќе се објави на 23 август 2023 година, најдоцна до 12:00 часот на огласната табла на училиштето и на www.mon.gov.mk.

 

По објавување на конечната ранг листа со резултатите од запишувањето, учениците кои не се запишани во училиштето , задолжително ја подигнуваат целокупната доставена документација поднесена во училиштето во рок од 24 часа, а училиштето има обврска да ја врати целокупната документација на учениците во рок од 24 часа.

 

За сите подетални информации можете да се обратите на телефон 047/276-431 во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *