Во гимназијата „Крсте Петков Мисирков“ се одржа отворен ден, настан кој привлече голем број посетители и ученици. Овој ден претставуваше можност гостите да бидат дел од училишната атмосфера и да се запознаат со духот и активностите на училиштето.
Настанот започна со топло и срдечно пречекување на гостите, кои беа пречекани од учениците и училишната заедница. Уште од самиот почеток владееше пријатна атмосфера исполнета со позитивна енергија, дружење и насмевки. Целта на овој настан беше посетителите да почувствуваат дел од секојдневниот живот во гимназијата и да стекнат убави впечатоци.

