Практична настава

На ден 20.12.2022 година, група од 16 ученици од СОУ “Крсте Петков Мисирков”, од трета година- Електротехничка струка,профил: Електротехничар за компјутерска техника и автоматика, извршија посета на фабриката за производство на кондиторски производи, SWISSLION – TAKOVO, која е една од најпознатите производители на храна и пијалоци во Југоисточна Европа. Исто така, беше извршена и посета на неколку производни линии каде што беше посебно објаснет техничко-технолошкиот процес на производство од почеток на суровина до готов производ на паковање. Целокупната програма и обиколка ја извршивме со техничкиот директор Ангела Марковска, која ни објасни за SL- технологијата, која е симбол и гаранција за врвен квалитет, т.е. се запознавме со современата и автоматизирана технологија за производство. Беше потпишан и Меморандум за соработка.

На ден 14.02.2023 година нашето училиште СОУ,, Крсте П. Мисирков “ потпиша Меморандум за соработка со следните ИТ компании:„Threemode“ , „Cythero“ и „Јавен адвертајзинг“ со цел успешна реализација на практичната настава за профилот електротехничар за компјутерска техника и автоматика.

Нов меморандум за соработка помеѓу „Јавен Адвертајзинг ДООЕЛ“ и СОУ „Крсте Петков Мисирков“- Демир Хисар.
Максимална поддршка, дополнителен поттик и мотивација за сите ученици, со цел истите да се стекнат со високи стручни и професионални компетенции согласно потребите на денешното дигитално општество.
Ја прошируваме нашата соработка со компании од регионот.
ТРИМОД ТИМ ДОО Битола е уште една компанија со која нашето училиште склучи меморандум за соработка.
Ученици од електротехничката струка веќе реализираат практична настава со учење преку работа кај работодавач.
ТРИМОД ТИМ ДОО Битола е фирма која се занимава со дизајн и производство на електроника.
Овој процес опфаќа дизајн и изработка на печатени електронски плочки, програмирање на чипови за контрола, поврзување со сензори и слично.
Специјалност на фирмата е производство на ЦНЦ машини.
На ден 28. 03. 2023 година учениците од Електротехничката струка од III година беа во посета на компанијата IWConnect во Битола.
IWConnect е глобална, мултидисциплинарна ИТ компанија фокусирана на интеграција, дигитализација, менаџирање на податоци, анализа, инфраструктура, и создавање на дигитални оптимизирани технолошки решенија.
Посетата беше реализирана под менторство на професорките Наташа Миладиновска Најдовска и Теодора Лозановска.
На ден 12.05.2023 година нашите ученици од Електротехничката струка беа на посета на Факултетот за информатички и комуникациски технологии во Битола, каде што се одржа Сaем на кариера за вработливост на студенти.
На саемот учествуваа над 20 ИТ компании од земјата, за што нашите ученици покажаа голема заинтересираност.
Во рамките на Саемот се одржа и Панел дискусија на тема: ,,Какви ИТ знаења им се потребни на компаниите”.
Посетата беше реализирана под менторство на професорките Наташа Миладиновска Најдовска и Теодора Лозановска.
На ден 18.05.2023 година со учениците од електротехничката струка, се одржа работилница на тема: „Развој на вештини при изучување на занаети со примена на виртуелна реалност кај млади од ранливи категории “.
Целта на оваа работилница беше на учениците да им се долови предноста на виртуелната реалност како иновативна технологија, која во иднина би можела да добие голема практика во образовниот систем.
Учениците имаа можност да се запознаат и воедно да вежбаат во апликацијата за фарбање на автомобили во ВР “Sprayverse”.
И благодариме на професорката д-р Моника Марковска од Факултетот за ИКТ- Битола за прекрасната работилница.