Дуални паралелки

РЕК Битола станува партнер во дуалното образование на СОУ„Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

Oд следната учебна година комбинатот ќе формира дуална паралелка во соработка со СОУ Крсте Петков Мисирков од Демир Хисар.
За разлика од практичната настава која со години ја изведуваат во комбинатот средни стручни училишта од Битола и регионот, во дуалната паралелка сертифицираното лице од РЕК Битола заедно со професорите ќе биде постојано со учениците за време на практичната настава и континуирано ќе го следи нивното напредување, како и безбедноста на работното место, а воедно ќе учествува и во формирањето на оценката на ученикот.
Продлабочувањето на соработката меѓу РЕК Битола и СОУ Крсте Петков Мисирков – Демир Хисар има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во електротехничката струка кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршувањето на средното образование.
Со формирањето на дуалната паралелка, РЕК Битола ќе стане верификувана компанија во доменот на дуалното образование, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.

 

ЈП Национални шуми веќе трета година е партнер во дуалното образование на  СОУ „Крсте Петков Мисирков“  Демир Хисар

ЈП Национални шуми веќе трета година е партнер во дуалното образование на средните стручни училишта, во соработка со СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар. Двете страни претставувани од директорот на ЈП Национални шуми Валентин Груевски и директорката на училиштето Маја Лозановска, потпишаа Меморандум за соработка и за следната учебна 2023/2024 година, а учениците ќе можат да се запишат во прва година шумарско-дрвопреработувачка струка за профил шумарски техничар, во соработка со нашата Подружница Бигла од Демир Хисар, како партнер компанија за дуалната паралелка.

Продолжувањето на соработката меѓу ЈП Национални шуми и СОУ „Крсте Петков Мисирков“ од Демир Хисар, има за цел да се зголеми интересот на учениците за запишување во шумарско-дрвопреработувачката струка, кои би биле оспособен и адекватен кадар за вработување во реалниот сектор по завршување на средното образование.

ЈП Национални шуми како општествено одговорна компанија е веќе верификуван партнер во формирањето на дуалните паралелки, што претставува повисок општествен интерес на сите страни вклучени во образовниот процес и на македонското стопанство.