Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Патрон

Misirkov

КРСТЕ ПЕТКОВ МИСИРКОВ

Роден е на 18  ноември 1874 година во селото Постол, Ениџевардарско во Егејска Македонија. Шест одделенија основно училиште завршил во родното место, слушајќи настава на грчки јазик и на таков начин го совладал туѓиот, наметнат јазик. Лошата материјална сoстојба на неговото семејство не му дозволила да го продолжи веднаш неговото образование.

По неколкугодишна пауза, Мисирков се здобил со стипендија од српското друштво „Свети Сава“. Тоа биле првите закани за навлегување и на српската пропаганда во Македонија, преку инсталирање на разни стипендии за едуцирање на т.н. свој кадар како што веќе правеле грчката и бугарската пропаганда во Македонија. Тој е и автор на првото списание на современ македонски јазик, основоположник и активен учесник во македонските научно-литературни и национално-политички друштва во Белград,Санкт Петерсбург, Одеса и Софија, раководител на ТМОК.

Иако ја завршил гимназијата, сепак се решил повторно да се запише во друго средно училиште: белградската учителска школа, која целосно ја завршил во 1895 година. Во ова училиште Мисирков основал ученичка дружина и ја нарекол „Вардар.Членовите на дружината во извесна смисла ја продолжиле идејата на т.н. „Лозари“. Тоа за Мисирков претставувало почеток на организирана национално-политичка активност која ќе продолжи околу 30 години. По завршувањето на учителската школа Мисирков се здобил со служба во Приштина. Но, наместо да се појави на своето работно место, Мисирков тајно се префрлил во Одеса.Таму не му го прифатиле и признале образованието. Така, Мисирков бил принуден да се запише во духовна семинарија во Полтава и дури по две години да започне со студирањето.

Во екот на најголемата борба за превласт на пропагандите во Македонија, Мисирков се вратил во својата Mакедонија, во родното село Постол. Тогаш и се запознал потемелно со македонското револуционерно движење. При следното доаѓање во Петроград  Мисирков станал член на Бугарското студентско друштво  и со неколкумина истомисленици го основал Тајниот македонско-одрински комитет. Меѓутоа, Русија се наоѓала во еден предреволуционерен период и руската влада го затворила Петроградскиот универзитет. Поради тоа на Мисирков не му останало ништо друго, а и здравствено се почувствувал лошо, па заминал во Одеса.

Во1902 година, Мисирков блескаво го завршил факултетот во Петроград.Во истата таа година, било основано и Македонското студентско другарство во руската престолнина. Во организирањето на ова друштво значаен придонес дал и самиот Мисирков. Само една година подоцна ова научно-литературно другарство било преименувано и оттогаш дејствувало како Македонско научно-литературно друштво „Свети Климент“.

Го напуштил Петроград, добил служба во Битолската гимназија, во која се вработил како егзархиски професор. Крсте Мисирков во Битола  работел врз планот за отворање на македонски училишта. Токму во тоа време избувнува и  Илинденското востание, во кое Мисирков не учествувал лично. Подоцна во Русија тој го образложил своето отсуство од илинденското востание со откривање на причините за неуспех на востанието.

Мисирков извесен период престојувал и во Србија,па повторно во Одеса, навратил и во Софија,каде што имал неуспех во врска со печатењето на неговата книга. Имено, книгата му била откупена од тамошните власти и изгорена, поради познатите причини,од изданието се спасиле и зачувале само мал број примероци. Поради неговите отворени ставови во однос на македонското прашање многупати бил прогонуван и истеруван, за да на крај западне во целосна криза.

Се разболел тешко, претходно преплашен со закана дека ќе биде ликвидиран, па така се нашол во „Александровската болница“ во Софија.По шест недели болки и повремени бесвестици, на 26 јули 1926 година Крсте Петков Мисирков починал во истата болница. Подоцна било утврдено дека умрел од тумор во мозокот. Мисирков бил закопан во софиските гробишта,каде се наоѓаат и посмртните останки на Екатерина Михајловна – Мисиркова.Според спомените на неговата сопруга Екатерина, шест недели Крсте бил лекуван без точно утврдена дијагноза, односно со претпоставка дека станува збор за менингит или енцефалит.

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?