Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Општина

ДЕМИР ХИСАР                                    

grb_DH_kraj

Демир Хисар, или како што во превод го нарекуваат Железна планина, е област која се наоѓа во југозападниот дел на Република Македонија, или северозападно од Пелагониската низина, околу горниот слив на Црна Река.

Посебен знак на одбележување на оваа област се планините Бигла, Илинска и Плакенска Планина на која се наоѓа највисокиот врв од 2000 метри.

Поради богатство на овие планини од железна руда, и областа го добива името Железник кое се менувало во зависност од владетели во различни периоди. Оваа област се среќава како Сидеро каструн, што на грчки значи Железна планина, а Демир Хисар е име што Турците го дале на оваа област што би значело Железна Планина. Тоа е името што и денес го носи.

Општината Демир Хисар формирана е во 1946 година.

Територијата на општината зафаќа површина од 480 км2, или 1,87% од вкупната површина на Република Македонија со што се вбројува во средните по големина општини во Република Македонија. 

map_DH   

map_MK

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?