Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Квалитет

На воспитно образовниот процес

Во училиштето постои одреден степен на усогласеност во врска со целите, стратегиите и насоките на развој на училиштето. Воспоставена е добра соработка со заинтересираните учесници во образованието од локалната заедница и пошироко.

Постои јасно определен систем на права и одговорности и тој им е јасен на сите вработени во училиштето, како и на самите ученици, а за неговата доследна примена допринесува менаџерскиот стил во процесот на комуникација, како со учениците, така и со наставниците.

Постои јасно определен систем за унапредување на воспитанието и образованието кој опфаќа:

- Грижа на вработените за висок квалитет во извршувањето на своите задачи;

- Отвореност на училиштето кон проекти и промени;

- Воспитување и образование во духот на толеранција и почитување на културните, верските, половите разлики и разликите во способностите на учениците;

- Отвореност на училиштето за соработка со локалната заедница, локалните стопански организации, фабрики, културни центри и др.  надворешни правни и физички лица;

- Заедничка визија во колективот за насоките на развој на училиштето и за начините како тоа треба да се реализира;

- Односот наставник-ученик се сазнова на почитување на личноста на ученикот, комуникација и координација со учениците и почитување на нивните индивидуални развојни карактеристики;

- Грижа за постојано стручно усовршување на наставниците и стручните училишни служби;

- Воспоставување на добра соработка со образовни институции во државата и надвор од неа;

- Позитивно поткрепување - одбележување на успесите на вработените;

- Вклучување на родителите во работата на училиштето како  нераздвоен  дел од системот „ демократско училиште“;

- Обучување на наставниците за успешно комуницирање со сите субјекти во училиштето и надвор од него.

- Обезбедување на услови за изведување на  практична работа во шумарската струка.

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?