Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Историјат

Училиштето е основано во1975 година кога започнува со својата воспитно образовна дејност како Училишен центар за средно образование. Се именува со името Крсте Петков Мисирков и до денес го задржува тоа име како свој патрон. Од основањето па се до 1989 година работата на училиштето се одвива  во зградата на ОУ "Гоце Делчев" во  Демир Хисар, а од 1989 година до денес, наставата се реализира во нова наменски изградена зграда која училиштето ја користи самостојно.  Со самиот развој на општеството и приликите во кои опстојува училиштето,  се менувале повеќе струки и гимназиски насоки:

1975г. Средно образование за гимназија и текстилна струка.

1978г. Ракувач на рударски машини од металска струка.

1979г. Ракувач на рударски и градежни машини.

1984г. Конфекционер трет степен од текстилна струка и

          Економист за основни економски работи- трет степен.

1986г. Бравар и машинобравар од трет степен на стручна подготовка од

          металско-машинска струка.

1988г. Конфекционер четврт степен од текстилна струка и

          Машински техничар четврт степен на стручна подготовка.

1992г. Гимназиско образование-општа гимназија.

1994г. Бравар од трет степен машинска струка.

2002г. Реформирано гимназиско образование со:

          Опшстествено хуманистичко подрачје и

          Природно математичко подрачје.

2004г. Реформирано гимназиско образование со:

             Опшстествено-хуманистичко подрачје,

          Природно-математичко подрачје и

          Јазично-уметничко подрачје.

2006г. Шумарско-дрвопреработувачка струка, профил - Техничар за шумарство и

          пејзажна архитектура

Во текот на своето постоење, во гимназијата работеле голем број наставници под водство на 6 директори и тоа:

          Александар Трајковски (прв директор и еден од основачите на училиштето),

          Драган Ангелевски,

          Кочо Прчковски,

          Виктор Митревски,

          Ќире Ристевски,

          Маја Лозановска.

За високиот квалитет во извршувањето на своите задачи од страна на наставниот кадар во училиштето, доказ се добрите резултати од областа на науката, културата и уметноста, кои учениците ги оствариле на бројни ргионални и државни натпревари.

За 43 години постоење и непрекинат развој на воспитно-образовниот процес, гимназијата прерасна во модерно училиште според сите европски стандарди.

Оваа година се навршуваат 43 години од неговото постоење.

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?