Kомпјутер за секое дете
Проектот компјутер за секое дете им овозможува на учениците да ја совладаат наставната материја во средина и начин кој одговара на стандардите на информатичкото општество кон кое тежнееме. Еден од главните бенефити на проектот е олеснување на можноста за побрз пристап до информациите, како главен предуслов за индивидуалниот и општествениот развој на самата личност.
Овие компјутери се користат како основни алатки за изведување на современа настава и како алатки за пристап до образовните дигитални содржини што се наоѓаат на глобалната мрежа Интернет.
За таа цел во нашето училиште функционираат 78 компјутери и 455 работни места (монитор, тастатура, глувче). Со тоа се задоволуваат сите потреби на учениците за поуспешно совладување на наставните содржини, за покреативна настава и за електронски контролни тестови.
Се надеваме дека компјутерите во иднина, ќе го завземат своето вистинско место во наставниот процес, со што ќе станат неразделив дел од образованието.