Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Стручен соработник

Natalina

Наталина Станојовска

Родена е на 08.11.1968 година во с. Жван

Дипломирала на Филозофскиот факултет во Скопје на катедрата за психологија во 1991 година.

Во 1992 година преку Бирото за вработување од Демир Хисар, соработува со невладината организација Брима Галуп од Скопје, каде работи една година на анкети и истражувања во оваа организација.

Од 10.10.1995 година се вработува како професор во гимназијата „Крсте П. Мисирков“ Демир Хисар, каде работи до денес на работно место - стручен соработник.

Има учествувано на повеќе проекти: креативна настава и учење, подобрување на работата на училиштата, перикле, трговија со луѓе во соработка со меѓународна организација на миграции - ИОМ, проект за модернизација на образованието, е-школо, обуки реализирани преку ФОН во врска со ЕДУБУНТУ програмата, и преку ОХО здружението на граѓани учество во проектот за имплементација на еколошкото образование во воспитно-образовниот систем на РМ.

Во декемви 2006 година успешно ги реализира обуките од програмата за директори на средни училишта преку  ЈИЕ универзитет и добива уверение за положен испит за директор на средно училиште .

Оваа година е именувана од комората на психолози на Македонија за член во комисија за ментално здравје на ниво на општината Демир Хисар. Од 2009 година е студент на постдипломски студии на Факултетот за јавна администрација во Битола, каде моментално и живее.  Биографија

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?