Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Учебна 2011/2012 година

Во текот на учебната 2011/2012 година, учениците кои поседуваат желба за проширување на знаењата и знаат натпреварувачки да се мотивираат, зедоа учество на неколку поединечни или групни натпреварувања.

Повторно, на  30.12.2011 година, фудбалска екипа од нашето училиште одигра натпревар од ФУТСАЛ лигата, со ученици од средните училишта од Битола.

Натпреварувачите по предметот математика, на 25.02.2012 година,  учествуваа на Регионалниот натпревар по Математика:

     Мартина Велковска -  I година – пофалница;
     Марија Талевска – II година;
     Марина Јовановска – III година – пофалница;
     Фросина Апостоловска  – III година;
     Гордана Николовска – IV година – III награда;

ментори: проф. Дијана Ивановска, проф. Маја Лозановска.

На Републичкиот натпревар по Математика, на 17.03.2012 година, учествуваше ученичката Гордана Николовска. Поголем интерес имаше за Меѓународниот натпревар по Математика КЕНГУР 2012, каде дел од учесниците ги освоија следните награди:

 II награда:

1. Александар Чамовски - IV година;

 

 III награда:
         1. Даниел Павловски - IV година;
         2. Мартин Милошевски - IV година;
         3. Гордана Николовска - IV година;
         4. Ивана Талевска - III година;
 
 Пофалница:
         1. Христина Петревска - IV година;
         2. Ангела Ендековска - IV година;
         3. Ќире Наловски - IV година;
         4. Александра Груевска - IV година;
         5. Марина Јовановска - III година;
         6. Фросина Апостоловска - III година. 

Хорската група од нашето училиште, неколку пати последователно го освојува првото место на Регионалните смотри.

На 5.05.2012 година, ученичката Христина Савеска од II година учествуваше на Државниот натпревар по Македонски јазик и литература, кој се одржа на Институтот по Македонски јазик во Скопје.

Во организација на Асоцијацијата на наставници по англиски јазик и книжевност на Република Македонија, во просториите на Американскиот Универзитет во Скопје, се одржа Републички натпревар по Англиски јазик за учениците од II година. Од нашето училиште учествуваше Марија Талевска.

На натпреварот во петанг (колективна игра со метални топчиња, која потекнува од Франција) учествуваа ученици од III година: Николина Цветановска, Саше Мегленовски и Дарко Лозановски,

На 05.06.2012 година за втор пат се одржа натпреварот Trash Fashion, во просториите на Младинскиот Културен Центар во Скопје. Екипата од нашето училиште, составена од ученици од III година: Наталија Стојановска, Ивана Талевска, Павлина Стојановска, Ивана Бојаџиева и Ангела Ангелевска, под менторство на професорката по ликовна уметност, Дијана Колонџовска, се претстави на ревијата со модел инспириран од народната носија.


Учебна 2010/2011 година 

Продолжувајќи ја својата традиција за учество на натпревари, учениците од нашето училиште, и оваа учебна година се во активни подготовки за да ги претстават своите знаења и вештини во и надвор од нашата општина.

Првиот натпреварувачки настан беше натпреварот во ФУТСАЛ во западниот регион, кој на 01.12.2010 година го одиграа фудбалерите од нашето училиште со првакот  на општина Тетово и истиот го загубија со 3:1.

Математичарите ги започнаа натпреварувачките активности на 19.02.2011 година, со Регионалниот натпревар по математика, кој за регионот: Демир Хисар, Битола, Прилеп, Ресен, Македонски Брод и Крушево, се одржа во СОУ „Мирче Ацев" во Прилеп. Нашето училиште учествуваше со следните ученици: 

Фросина Апостоловска и Марина Јовановска - II година, под менторство на проф.Маја Лозановска; 

Гордана Николовска - III година, под менторство на проф.Дијана Ивановска, која освои прва награда. 

На републичкиот натпревар по математика, кој се одржа во просториите на Природно-математичкиот факултет во Скопје на 19.03.2011 година, учествуваше Гордана Николовска и освои пофалница.

Дел од учениците кои зедоа учество на Меѓународниот натпревар по математика КЕНГУР 2011 ги освоија следните награди:
      I награда: 

          Гордана Николовска (III година);

          Николче Гроздановски (IV година);

      II награда:

          Александар Чамовски (III година);

      III награда:

          Даниел Павловски (III година);

          Мартин Милошевски (III година);

          Александра Груевска (III година);

      пофалени:

          Андреас Најдовски (III година);

          Ивона Јошевска (IV година).

На 12.04.2011 година екипата од нашето училиште, составена од учениците: Николина Цветановска, Симона Ивановска и Христијан Јолевски (II година), под менторство на професорката по француски јазик Христина Тромбева, освои второ место на натпреварот во петанг (колективна игра со метални топчиња, која потекнува од Франција), кој се одржа на тениското игралиште во Битола.

Хорската група од нашето училиште, и оваа учебна година, го освои првото место на Регионалните средби на училишни хорови.

Името на нашето училиште се појави и на државниот натпревар по македонски јазик и литература, кој се одржа на 07.05.2011 година, при Институтот за македонски јазик во Скопје. Таму учествуваше ученичката Николина Цветановска (II година), под менторство на проф. Маја Јошевска и го освои седмото место.

Една од еколошките активности кои ги остваривме оваа учебна година беше и учеството на натпреварот Trash Fashion – мода во заштита на околината, кој се одржа на 26.05.2011 година во Младинскиот Културен Центар во Скопје. Учествувавме со две екипи, а екипата која го изработи фустанот Trash Information Fashion, ја освои првата награда.


Учебна 2009/2010 година

Учениците од нашето училиште, поединци или екипно, секоја година учествуваат на натпревари, преку кои, освен што го претставуваат училиштето надвор од нашата општина, ги прошируваат знаењата стекнати од редовната настава и ги усовршуваат своите потенцијали.

Изминатата учебна 2009/10 година, нашето училиште зеде учество на натпреварите по математика, географија, англиски јазик, како и на регионалните средби на училишни хорови и литературни конкурси.

Со активни подготовки, математичарите од нашето училиште се претставија на регионалниот натпревар кој се одржа во ЕМУЦ Ристо Ристовски - Ричко во Прилеп:

Гордана Николовска, II година (трето место),

Фросина Апостоловска, I година, и

Марина Јовановска, I година.

Ученичката Гордана Николовска учествуваше и на републичкиот натпревар, во СОУ „Наум Наумовски Борче“ во Пробиштип, каде, повторно, освои трето место. Исто така, нашите математичари учествуваа на Меѓународниот натпревар по математика Кенгур, каде ги постигнаа следните резултати:

Фросина Апостоловска, I година (трето место),

Гордана Николовска, II година (трето место),

Мартин Милошевски, II година (трето место),

Александар Чамовски, II година (трето место),

Даниел Павловски, II година (пофалница),

Стефан Мијаковски, II година (пофалница).

Ученикот Даниел Павловски од II година го освои првото место на регионалниот натпревар по географија, одржан во ОУ Елпида Караманди во Битола, а потоа успешно се претстави на републичкиот натпревар, кој се одржа во истото училиште.

На натпреварот по англиски јазик, во организација на Асоцијацијата на професори по англиски јазик од Македонија, учествуваше ученичката Гордана Николовска.

Нашата ученичка Николина Цветановска, I година, освои прво место на Интернационалниот конкурс за литературни творби.

Хорот од нашето училиште, придржувајќи се до традиционалното учествување на  регионалните средби на училишни хорови, го освои првото место.

Нашето училиште се гордее со нивните постигнувања и им посакува многу понатамошни успеси.

Оваа учебна година, исто така, во тек се подготовките за претстојните предизвици.

 

Уредува:  Гордана Николовска, IV-1 клас, гимназија.

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?