Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Проект по француски јазик со наслов “Allez, au travail!” („Ајде, на работа!“)

На ден 19.04.2016 г. во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар се одржа настан по повод одбележување на месецот на Франкофонијата за 2016 г. СОУ „Крсте Петков Мисирков“ се вбројува во оние училишта кои секоја година учествуваат во ред активности, настани и натпревари кои ја промовираат и прославуваат Франкофонијата и употребата на францускиот јазик. Оваа година СОУ „Крсте петков Мисирков“ аплицираше на конкурсот за проекти распишан од Францускиот институт во Скопје со свој проект, кој беше одобрен и финансиски поддржан од Институтот.

Проектот се состои во изработка на илустрирана брошура чија цел е да го промовира францускиот јазик како јазик чие познавање нуди повеќе можности за продолжување на образование како и за наоѓање работа. Учениците од секцијата по француски јазик, под менторство на професорот Христина Мицевска, изработија брошура во која на свој начин и со свој сопствен уметнички израз прикажаа повеќе современи професии. Изложбата која се одржа е заокружување на целината на проектот и можност да се презентира резултатот од спојот на трудот и талентот на учениците.

На изложбата присуствуваа дел од професорите и учениците од училиштето, како и претставници од Општината Демир Хисар, ОУ „Гоце Делчев“ во Демир Хисар и гости од Францускиот институт во Скопје.

Учениците успешно го презентираа проектот и изработената брошура, а збор зеде и директорот на СОУ „Крсте Петков Мисирков“, Ќире Ристевски. Изложбата беше проследена со мал коктел пропратен од звуците на популарна француска музика.

ailez-1

 

allez-2

allez-3

allez-4

allez-5

allez-6

allez-7

allez-8

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?