Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ЈАВЕН ОГЛАС

 

Врз основа на член 18 и 19 од Правилникот за начинот на изведување на училишнитe екскурзии на учениците од средните училишта, Комисијата за спроведување на постапка за реализација на училишни екскурзии при СОУ „Крсте Петков Мисирков“-Демир Хисар распишува

 

Јавен оглас

За прибирање понуди за изведување на еднодневни училишни екскурзии

 

1. Училишна екскурзија поврзана со теми и содржини од наставните програми

Релација: Демир Хисар – Скопје (Природно математички факултет, Природно науен музеј) – Демир Хисар

Број на возила: 1 (еден) автобус / 40ученици

2. Стручно – истражувачка екскурзија

Релација: Демир Хисар – Св. Наум, Охрид – Демир Хисар

Број на возила: 1 (еден) автобус / 40 ученици

 

I. ОПИС НА УСЛУГАТА:

            - Превоз за наведените релации

 

II. МИНИМАЛНИ УСЛОВИ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ИСПОЛНИ ПОНУДУВАЧОТ

            - Понудувачот треба да е регистриран согласно позитивните прописи на РМ за вршење на соодветна дејност - превоз

доказ:  Извод од тековна состојба од Централен регистар

            - Да има успешно реализирано најмалку 3 (три) ученички и други слободни активности во последните три години

доказ: Референта листа со копии од договори

            - Да ги исполнува условите за превоз на групи деца согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Правилникот за посебни технички барања на возилата со кои се превезуваат групи на деца.

доказ: Соодветна изјава

            - Избраниот понудувач е должен при склучување и потпишување на писмен договор за изведувач на екскурзијата, да приложи банкарска гаранција во висина од 5 % од вредноста на договорот,а за квалитетно извршување на договорот.

            доказ: Изјава дека по склучувањето на договор ќе се обезбеди банкарска гаранција

 

III. СОДРЖИНА НА ПОНУДАТА

            - Во понудата да се наведе назив на правното лице, потпис на одгворвното лице и печат.

            - Понудувачот треба да даде цена на извршување на услугата одделно за двете точки од огласот.

            - Цената во понудата мора да биде фиксна и не е дозволена корекција на цени во текот на реализација на договорот.

            - Понудите не треба да содржат алтернативни решенија,односно треба да бидат изработени конкретно и согласно барањата дефинирани во овај јавен оглас-покана за понуди.

Понудата која содржи дополнителни елементи или услуги, нема да има предност при евалуација на истата,

 

III. РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПОНУДАТА

Понудата заедно со целокупната документација со која се докажува дека понудувачот ги исполнува минималните услови за изведување на екскурзијата ( документација према секој утврден услов во јавниот оглас) мора да се достави на адреса од училиштето - СОУ „Крсте Петков Мисирков“ –Демир Хисар, ул. Гоце Делчев бб, или во архивата на училиштето, со назнака  „ ЗА Комисија за спроведување на постапка за реализација на училишни екскурзии “ и забелешка „не отварај“, во РОК од 5 (пет) дена од денот на објавување на огласот-поканата за прибирање понуди.

Некомплетни и нецелосни понуди,како и понуди доставени по утврдениот рок за достава,нема да се земат во постапка на евалуација и избор за најповолен понудувач.

 

IV.КРИТЕРИУМИ ЗА ИЗБОР НА НАЈПОВОЛЕН ПОНУДУВАЧ

Единствен критериум за избор на најповолен понудувач е  најниска цена. 

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?