Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ОГЛАС ЗА УПИС НА УЧЕНИЦИ ВО ПРВА ГОДИНА - Учебна 2016/2017 година - ФЛАЕРИ  РАНГ ЛИСТИ - јунски уписен рок

 Средното општинско училиште „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар објавува 

 

О Г Л А С
 За запишување на ученици во прва година во учебната 2016/2017 година
  

1.  Во учебната 2016/2017 година во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар ќе се запишат 136 ученици во 4 паралелки според наставните планови и програми за:

  • Гимназиско образование – 102 ученици, 3 паралелки;
  • Шумарско-дрвопреработувачка струка (техничар за шумарство и пејзажна архитектура) – 34 ученици, 1 паралелка.

 2.  Услови за запишување на учениците:

     -  да имаат завршено основно образование;
     -  да не се постари од 17 години;
     -  да се определиле за План и програма од гимназиско или стручно образование;
     -  да ги исполнуваат критериумите утврдени со овој конкурс.

 3.  Потребни документи за запишување:

     -  пријава за запишување:
     -  оригинални свидетелства од VI до IX одделение;
     -  извод од матичната книга на родените (без оглед на датумот на издавањето).

 Документите да се доставуваат лично од ученикот или родителот, односно старателот.

 4.  Конкурсни рокови.

 Пријавувањето и запишувањето на учениците се врши во два уписни рока, јунски и августовски, со две пријавувања во јунскиот и едно пријавување во августовскиот уписен рок.

 Пријавувањето на учениците во јунскиот уписен рок ќе се врши:

  • Прво пријавување -  на 28 и 29 јуни 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 30 јуни 2016 година.
  • Второто пријавување - на 04 јули 2016 година, а резултатите од запишувањето и слободните места ќе се објават на 5 јули 2016 година.

 Пријавувањето на учениците во августовскиот уписен рок ќе се врши на 24 август 2016 година, а резултатите од запишувањето на учениците и слободните места ќе се објават на 25 август 2016 година.

 За сите подетални информации можете да се обратите на телефон 047/276-431 или лично во СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар.

  

НАСТАВНИЧКИ СОВЕТ при           
СОУ „Крсте Петков Мисирков“ Демир Хисар

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?