Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

Програма: УСЛОВЕН ПАРИЧЕН НАДОМЕСТОК (УПН) - обезбедува парични надоместоци на домаќинства (кои се квалификуваат за социјална парична помош),

а не се корисници на детски додаток доколку истите имаат деца на средношколска возраст. Децата се редовни ученици и посетуваат училиште најмалку 85% од предвидениот фонд на часови. Вкупниот износ на надоместокот изнесува 12 000 МКД и ќе се исплаќа квартално.

Потенцијалните корисници за училишната година 20010/2011 се:  

  • Домаќинства корисници на социјална парична помош  
  • Домаќинства корисници на социјална парична помош чие право на помош е во мирување поради ангажирање во јавна работа  
  • Домаќинства кои во текот на учебната годинa ќе остварат право на социјална парична помош  

а кои домаќинства  

  • Не се корисници на детски додаток и  
  • Имаат деца запишани како редовни ученици во средно образование  
  • Новите корисници кои ќе го остварат правото на социјална парична помош во текот на учебната годината може да се вклучат во програмата односно го остваруваат правото од наредниот мерен период.  
  • Процесот на аплицирање ќе се врши во Центрите за социјална работа. 
  • Апликантот во соработка со социјалниот работник во Центарот за социјална работа пополнува Барање  

Апликантот треба да ги обезбеди следните придружни документи:  

  • Потврда дека ученикот е запишан во средно училиште или по првата година од спроведување на програмата 2010/2011 децата кои биле корисници во програмата обезбедуваат потврда дека се запишани во наредната учебна година по прв пат (издадена од средното училиште)  

Копија од трансакциона сметка од банка издадена на име на примателот на условениот паричен надоместок според општината на живеење.

Главен и најсилен партнер на Мининистерството за труд и социјална политика  во имплементацијата УПН e Министерството за образование и наука, кое: 

  • Обезбедува надзор врз спроведувањето на програмата од страна на средните училишта 
  • Координира  прибирање на информации од средните училишта за потребите на УПН  

СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА се одговорни за известување  и обезбедување информации за:  

  • Информации за запишани корисници во училиштето еднаш годишно; 
  • Информации потребни за решавање по жалбите и/или поплаките поврзани со исполнување на условеностите на програмата ; 
  • Поддршка на другите активности на програмата кои ги извршуваат средните училишта или останатите учесници а кои се поврзани со корисниците од програмата 
  • Вклучување на корисници во средно образование 
  • Исполнување на условеноста за присуство во средно образование 

Известувањето за присуство на учениците за кои училиштето има добиено потврда од Центрите за социјална работа дека го исполниле условот за влез во програмата за УПН,  а се ученици во односното училиште  ќе  се одвива така што  средното училиште ќе испраќа извештаи за присуство до сите центри за социјална работа од каде што доагаат корисниците на УПН, т.е до тие центри каде што е остварено правото на СПП и УПН 

  • Обезбедува потврди за запишување на корисниците од програмата во средното училиште; 
  • Внесува вкупен број на задолжителни часови по корисник/ученик во училишната година како и  
  • Вкупен број на часови по периоди  
  • Соработува со социјалните работници во соодветните Центри за социјална работа во сите аспекти на програмата за УПН

Следењето на исполнувањето на условеностите важи за секој период независно дали корисникот го исполнил условот во претходниот период.

Условот ќе се смета за исполнет доколку корисникот присуствува 85% или повеќе од вкупниот број на училишни часови во одредениот период.

Корисникот мора да присуствува на 85% или повеќе од вкупниот број на училишни часови во следниве дефинирани периоди:

Прв период:  1 септември – 31 октомври

Втор период:  1 ноември – 31 декември

Трет период: почеток на второто полугодие односно 20 јануари - 31 март

Четврт период: 1 април – 31 мај за матуранти и 10 јуни за сите останати

 

Прв период

1 септември – 31 октомври

Втор период

1 ноември – 31 декември

Трет период

почеток на второто полугодие односно 20 јануари - 31 март

Четврт период

1 април – 31 мај за матуранти и 10 јуни за сите останати;

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?