Среда, Декември 12, 2018
Добредојдовте на официјалната страна на СОУ "Крсте П. Мисирков" Демир Хисар

ПАТРОНАТ   На 17.11.2010 година средното општинско училиште Крсте Петков Мисирков го одбележува својот патронат, со свечена програма по тој повод и со организирање на спортски натпревари.

Настанот започнува во 10:00 часот со полагање на цвеќе пред спомен плочата на Крсте Петков Мисирков. Следува свеченото отварање на паркот во училишниот двор, обраќање на директорот Ќире Ристевски кон присутните, како и доделување на поклони на пензионираните професори како признание за нивната успешна работа.

Хорот на училиштето учествува со изведба на неколку песни од својот репертоар, а ќе настапи и Евгенија Здравевска како соло пеач.

Програмата продолжува со промовирање на официјалната веб страна на училиштето, како и јавни презентации подготвени од група на професори.

Спортските натпреварите меѓу учениците од СОУ „Крсте Петков Мисирков” – Демир Хисар, и учениците од СОУ „Цар Самоил – Ресен ќе се одржуваат преку целиот ден. 

Анкета

Дали и професорите треба да носат работна облека?